Карло Анчелоти е разочаран од недостатокот на транспарентност и лошата комуникација за повредата на Нејмар, не се исклучува можноста напаѓачот да биде испратен дома и на негово место да биде повикан Жоао Педро.
Нејмар продолжува да ја бранува фудбалската јавност во Бразил откако испадна дека повредата заработена еден ден пред да биде објавен составот на „кариоките“, е посериозна од тоа што во прв момент се говореше.
Напаѓачот ќе паузира помеѓу две и три недели поради повреда од втор степен на листот на ногата, ќе ги пропушти двата контролни натпревари пред Светското првенство, а веројатно и мечот од првото коло против Мароко.
Целата ситуација предизвикала незадоволство и тензии во федерацијата, а Карло Анчелоти и неговите соработници се разочарани од недостаток на транспарентност и лошата комуникација.
Но за сега тие немаат намера веднаш да го отпишат напаѓачот и ќе му дадат 15 дена да покаже дека може да настапи на мундијалот.
Сепак, доколку не е 100% фит, Карло Анчелоти е подготвен да повлече драстичен чекор, да го испрати Нејмар дома и да го вметне Жоао Педро во составот.
„Репрезентациите можат да направат промени во составот поради повреди, а крајниот рок за тоа е ден пред нивниот прв натпревар на Светското првенство.“