Од таборот на Бразил брифираат дека Нејмар има повреда од втор степен на листот на ногата, а не само оток, па напаѓачот ќе паузира меѓу две и три недели и веројатно ќе го пропушти првиот натпревар на Светското првенство.
Одлуката на Карло Анчелоти да го повика Нејмар на мундијалот во САД ја подели јавноста, а оние кои сметаа дека напаѓачот не требал да добие повик, сега ќе имаат причина плус за критика.
Нејмар и Сантош криеле колку е сериозна повредата заработена непосредно пред да биде објавен списокот, редовните лекарски прегледи со репрезентацијата на Бразил покажале дека фудбалерот има оштетување од втор степен на листот на ногата, и тоа значи пауза меѓу две и три недели.
Со ваква дијагноза, поранешниот играч на ПСЖ и Барселона ќе ги пропушти и контролните натпревари пред Светското првенство, а тешко дека ќе биде и во комбинација за првиот натпревар на Бразил на СП против Мароко (14. јуни).
„Нејмар ги мина сите прегледи и магнетната резонанца покажа посериозна повреда, а не само оток како што првично беше соопштено. Очекуваме да биде подготвен за две до три недели“, изјави докторото на „кариоките“ Родриго Ласмар.
Од таборот на Сантош пак се правдаат дека иако немало ништо вакво во нивното соопштение за повредата на Нејмар, тие ја испратиле целата документација од тестовите до Фудбалската федерација на Бразил и сите биле запознаени со состојбата.