Барселона, според последните информации од Шпанија, го договорила трансферот на Ентони Гордон од Њукасл, за кого ќе плати околу 80 милиони евра, но тој, очигледно, нема да биде единственото големо засилување во нападот.
Како што се наведува, тренерот Ханси Флик инсистира на посилен офанзивен ред и побарал од раководството да донесе уште еден класичен голгетер во летниот преоден рок.
За Гордон, Барселона ќе издвои основна сума од околу 70 милиони евра, додека со бонуси трансферот би можел да достигне и до 80 милиони евра.
Покрај него, како главна цел за засилување во нападот и понатаму се споменува Хулијан Алварез.
Аргентинскиот напаѓач и претходно беше поврзуван со каталонскиот клуб, но неговиот трансфер би бил далеку поскап, со цена која се проценува на околу 150 милиони евра.
Според шпанските медиуми, спортскиот директор Деко веќе одржал неколку средби со агентот на фудбалерот и активно работи на реализација на потенцијалниот трансфер.