Иако првичниот план на бразилската репрезентација беше легендарната „десетка“ на Светското првенство да ја носи Винисиус Жуниор, а како втора опција се споменуваше Рафиња, сепак дојде до пресврт во таборот на „кариоките“.
Според најавите, Нејмар требаше да настапува со бројот „13“, но неговите соиграчи одлучија да направат голем гест и повторно да му го препуштат дресот со бројот кој со години е негов препознатлив знак.
Така, атмосферата во бразилскиот национален тим уште еднаш покажа дека владее одлична хемија.
Тоа значи дека Нејмар и на овој Мундијал повторно ќе настапува со легендарната „десетка“, број кој има посебно место во историјата на бразилскиот фудбал и кој низ годините го носеа имиња како Пеле, Ривалдо, Роналдињо и Кака.