Селекторот на Холандија, Роналд Куман денеска го објави списокот на фудбалерите за претстојното Светско првенство.
Холандија и на овој Мундијал, како и во минатите години важи за репрезентација која може да оди далеку, сепак и понатаму чекаат на нивната прва светска титула.
Добра вест за Куман е враќањето на Мемфис Депај во тимот кој во последниот период играше во добра форма за Коринтијас, а тука е и Јуриен Тимбер од Арсенал кој се мачеше со повреди, меѓутоа би требало да биде подгтвен за настап.
На Мундиајлот Холандија ќе игра во група со Јапонија, Шведска и Тунис.