Само два дена по заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, клубот веќе почнал да работи на засилувањата за новата ера.
Според информациите на Николо Шира, „граѓаните“ постигнале договор со Елиот Андерсон, но остануваат преговорите со Нотингем Форест околу обештетувањето. Сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис, јасно порачал дека Андерсон нема да биде продаден за помалку од 100 милиони фунти, сума идентична на трансферот на Моизес Каиседо.
Во меѓувреме, на Островот веќе се најавува и наследникот на Гвардиола. Се очекува кормилото на Сити да го преземе Енцо Мареска, кој наводно потпишал тригодишен договор.
По заминувањата на Џон Стоунс и Бернардо Силва, како и најавеното заминување на Матео Ковачиќ, јасно е дека средниот ред на Сити ќе претрпи големи промени ова лето.