Историја: Бруно Фернандеш има најмногу асистенции во една сезона! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, постави рекорд во Премиер лигата по број на асистенции во една сезона, вкупно 21.

Во 33. минута од натпреварот меѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш нафрли од корнер, а Доргу реализираше за водство од 1-0.

Тоа за Португалецот беше 21. асистенција оваа сезона во Премиер лигата.

Со тоа тој ги мина Тјери Анри и Кевин Де Брујне кои имаат по 20 во една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×