Одлуката на Карло Анчелоти околу бројот „10“ во репрезентацијата на Бразил предизвика бурни реакции во јавноста и незадоволство кај дел од навивачите.
Новиот селектор решил легендарната „десетка“ повеќе да не му припаѓа на Нејмар, туку во иднина да ја носи Винисиус Жуниор. Асот на Реал веќе играше со десетката, беше и „седумка“, но и „дваесетка“ за Кариоките.
Тоа значи дека искусниот напаѓач на Светското првенство ќе настапува со бројот 13.
Веста брзо предизвика голем број реакции во Бразил, каде многумина сметаат дека Нејмар заслужува да ја задржи „десетката“ по сè што направи за националниот тим. Дел од навивачите ја оценија одлуката како непочитување кон една од најголемите ѕвезди во историјата на репрезентацијата.