Норвешка го објави списокот за Мундијалот, никој не смее да ги потцени!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација, Столе Солбакен го објави списокот од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство.

Норвешка на Мундијалот ќе ја предводи една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал, Ерлинг Халанд, кој зад себе има нешто поскромна сезона на клупски план, со оглед на тоа што остана без титулата во Англија и без трофејот во Лигата на шампионите.

Посебно внимание привлекува фактот што во групата И ќе се игра директен дуел меѓу двајца од најдобрите голгетери на денешницата, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. Покрај Франција, Норвешка во групата ќе игра и против Сенегал и Ирак.

Голмани: Орјан Хаскјолд Ниланд (Севилја), Сандер Тангвик (Хамбург), Егил Селвик (Вотфорд).

Одбрана: Кристофер Ајер (Брентфорд), Давид Мелер Волфе (Вулверхемптон), Лео Остигард (Џенова), Фредрик Бјаркан (Бодо/Глимт), Маркус Педерсен (Торино), Торбјарн Хегем (Болоња), Сондре Лангас (Дерби Каунти), Хенрик Фалченер (Викинг), Јулијан Рјерсон (Борусија Дортмунд).

Среден ред: Мортен Торсби (Кремонезе), Патрик Берг (Бодо/Глимт), Сандер Берге (Фулам), Мартин Одегард (Арсенал), Фредрик Аурснес (Бенфика), Кристијан Торствед (Сасуоло), Телониус Асгард (Ренџерс), Антонио Нуса (РБ Лајпциг), Андреас Шјелдеруп (Бенфика), Оскар Боб (Фулам), Јенс Петер Хауге (Бодо/Глимт).

Напад: Александер Сорлот (Атлетико Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Јорген Странд Ларсен (Кристал Палас).

Норвежаните првиот натпревар на Светското првенство ќе го одиграат против Ирак на 16 јуни во Масачусетс.

Потоа на 22 јуни во Њу Џерси ќе се соочат со Сенегал, а групната фаза ќе ја затворат со дуел против Франција на 26 јуни, повторно во Масачусетс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×