Неколку извори пренесуваат дека Ливерпул размислува за отказ на Арне Слот и ангажман на Андони Ираола.
„Црвените“ играат далеку под очекувањата оваа сезона, па изминатиов период често се говореше дека Арне Слот може да добие отказ.
Но раководството на Ливерпул постојано му даваше поддршка, и покрај тоа што Чаби Алонсо стана достапен.
И сега кога Чаби Алонсо се договори со Челси, неколку извори пренесуваат дека Ливерпул размислува за разделба со Арне Слот.
На „Енфилд“ имаат и фаворит за нов предводник, тие се импресионирани од профилот на Андони Иралоа, модерен тренер без големо его, кој со тивка работа прави огромни резултати.
Шпанецот успеа да го однесе Борнмут до фантастично шесто место во Премиерлигата и покрај тоа што пред почетокот на сезоната остана без двајца клучни централни дефанзивци (Дин Хујсен и Илија Забрањи), левиот бек Милош Керкеш, а во јануари беше продаден и најдобриот играч Антоан Семењо.
Она што најмногу ги воодушевува е неговата способност да се адаптира, неговите тимови можат да доминираат со посед, да играат висок пресинг, да напаѓаат директно или да се бранат комплетно кога е потребно.
Андони Ираола исто така става акцент на дисциплината, тимската игра и развој на младите фудбалер.