„Бомба“ од Англија: Ривал на Сити сака да го доведе Пеп?

by 24 фудбал
1 минути читање

Вистинска фудбалска „бомба“ пристигнува од Англија, британските медиуми тврдат дека Ливерпул размислува за смена на Арне Слот, а како негова замена се споменува Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег е подготвен да стави крај на својата десетгодишна ера во Манчестер Сити по завршувањето на сезоната, а дел од медиумите веќе објавија дека „граѓаните“ се договориле со Енцо Мареска како негов наследник на „Етихад“.

Сепак, тешко е да се поверува дека Гвардиола би прифатил преселба на „Енфилд“, особено ако се знае дека во минатото јавно порача дека по Манчестер Сити не би водел друг англиски клуб.

Гвардиола засега нема официјално потврдено дека заминува од Сити, но по ремито против Борнмут навести дека во следните денови ќе има разговори со раководството околу својата иднина. Останува да се види дали станува збор само за шпекулации или навистина се подготвува еден од најшокантните потези во англискиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×