Касемиро ја одбра својата следна дестинација!

by 24 фудбал
1 минути читање

Искусниот бразилски ас Касемиро по крајот на сезоната ќе стави крај на својата епизода во Манчестер јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во САД.

Иако навивачите на англискиот гигант посакуваа тој да остане на „Олд Трафорд“, Касемиро донел одлука да ја прифати новата авантура и да се пресели во Интер Мајами.

Според последните информации, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и наскоро се очекува договорот да биде комплетиран.

Интер Мајами бара засилување во средниот ред по заминувањето на Серхио Бускетс, а изборот паднал токму на искусниот Бразилец кој зад себе има богата кариера во Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×