Елмас нема да остане во Наполи, но може со тим од Англија да игра во ЛШ!

by riste
1 минути читање

Наполи нема да го откупи Елиф Елмас, а последните информации велат дека два клуба од Премиер лигата се интересираат за македонскиот репрезентативец.

Според „Тутомеркато“, Сандерленд и Астон Вила се заинтересирани за Елиф Елмас.

Како посериозна опција, но и клуб кој го преферира Елмас е Астон Вила која веќе обезбеди место во Лигата на шампионите.

Одлична сезона имаше и Сандерленд кој во моментов е десетти, но уште има шанси да игра во Европа.

Наполи не планира да ја одвои сумата која треба да ја плати за да го откупи Елмас, а најверојатно нашиот фудбалер нема да заигра повторно за Лајпциг.

Најреално сценарио е дека ќе биде продаден од страна на германскиот клуб, само уште е нејасно кој ќе го купи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×