Чаби Алонсо бара три засилувања за Челси по негов мерак

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Чаби Алонсо побарал три засилувања за да почне да го крои тимот на Челси по негов мерак.

„Сините“ решија да му го доверат новиот проект на Чаби Алонсо, кој стави потпис на четиригодишен договор.

Шпанецот официјално ќе седне на клупата на 1. јули, но веќе работи на тимот за новата сезоната и ги идентификувал првите три засилувања.

За да почне да го крои тимот по негов мерак, стратегот побарал напаѓач од светска класа, искусен голман и централен дефанзивец кој знае да игра со топка.

Виктор Осимен од Галатасарај се посочува како прв избор за засилување на нападот, Нигериецот ќе донесе енергија и опасност што тимот ја нема со години, односно постојан притисок врз противничката одбрана, агресивна игра и присуство што внесува страв кај ривалите.

Што се однесува до голманската позиција, „сините“ се заинтересирани за Мајк Мењан од Милан, додека пак Осман Диоманде од Спортинг Лисабон е идеален профил за замислите на Чаби Алонсо да ја гради играта од дефанзивата, благодарение на неговата физичка моќ, атлетски способности и сигурност со топката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×