Готово е: Жозе Мурињо се враќа во Мадрид!

by 24 фудбал
1 минути читање

Жозе Мурињо се враќа на клупата на Реал Мадрид, пренесуваат најпознатите светски фудбалски инсајдери.

Според информациите, сите детали меѓу португалскиот стратег и „кралскиот клуб“ веќе се договорени, а останува само да биде потпишана официјалната документација.

Планот е Мурињо да стави потпис на двегодишен договор со Реал Мадрид, по што ќе отпатува за шпанската престолнина веднаш по натпреварот против Атлетик Билбао. Така „Специјалниот“ повторно ќе седне на клупата на Реал Мадрид по повеќе од една деценија.

Во првиот мандат освои неколку трофеи, а имаше и рекордна сезона 2011/12 кога Реал освои 100 бода и даде 121 погодок во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×