Вистински хаос се случи на натпреварот на Сантос, каде што Нејмар остана без можност повторно да влезе во игра по голем кикс на судиската екипа.
Бразилската ѕвезда во еден момент беше покрај аут линијата и добиваше медицинска помош, но додека траеше прекинот настана вистинска забуна. Четвртиот судија сигнализира измена, по што Робињо Жуниор влезе во игра.
Кога Нејмар се подготвуваше да се врати на теренот, судиите му соопштија дека веќе е заменет и нема право повторно да настапи. Нејмар веднаш бурно реагира, влезе во расправија со судиите и кон камерите го покажа листот за измена на кој јасно стои името на друг фудбалер, а не неговото.
Тој беше видно револтиран особено затоа што ова се случи непосредно пред Карло Анчелоти да го објави конечниот список за Светското првенство.