Иднината на Расмус Хојлунд повеќе не е тема на шпекулации, затоа што Наполи ќе го задржи данскиот напаѓач и по завршувањето на сезоната.
Клубот од Неапол ги активира условите од договорот со Манчестер Јунајтед, според кои откупот на Хојлунд станува задолжителен доколку тимот избори место во Лигата на шампионите. Со обезбедениот пласман во европската елита, Наполи автоматски ќе мора да ја плати договорената сума за комплетен трансфер на данскиот репрезентативец.
Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи ќе издвои 51 милион евра за да го откупи договорот на Хојлунд, кој минатото лето пристигна како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.
Напаѓачот зад себе има солидна сезона во дресот на наполитанците. На 43 натпревари во сите конкуренции постигна 15 голови и додаде осум асистенции. Во Наполи се задоволни од неговиот придонес, па наскоро се очекува и официјално потпишување на долгорочен договор со клубот.