Брајтон и Брентфорд попладнево кикснаа против Лидс односно Кристал Палас, и пропуштија да се замешаат за позицијата број 6, која може да донесе настап во Лигата на шампиони.
Има математики кои велат дека и позицијата број 6 во Премиерлигата може да донесе настап во Лигата на шампиони, но ова како да не беше доволна мотивација за Брајтон и Брентфорд, кои попладнево одиграа под своите можности.
Брајтон со 0-1 загуби на гостувањето кај Лудс, додека пак Брентфорд ремизираше 2-2 против Кристал Палас, и го оставија Борнмут сам да решава за својата судбина.
Сандерленд со 1-3 славеше кај Евертон и остана во битката за местата кои водат во Европа, додека Вулверхемптон и Фулам одиграа нерешено 1-1.