Во Молдавија падна гол каков што досега сигурно не сте виделе (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот меѓу Реал Сирет и Огузспор од втората лига во Молдавија се најде во центарот на вниманието поради крајно комичен погодок.

Иако домашниот тим победи со убедливи 5-2, најмногу внимание привлече вториот гол на гостите, кој дојде по ситуација каква што ретко се гледа на фудбалските терени.

Никита Чедирен упати удар кон голот кој беше далеку од прецизен и изгледаше безопасно, но топката го погоди противничкиот фудбалер кој во тој момент лежеше на терен и се жалеше на повреда. Од неговото тело, топката се одби и заврши во мрежата, додека голманот веќе тргна кон соиграчот, очекувајќи прекин на играта.

Целата ситуација предизвика многу реакции и брзо се прошири на социјалните мрежи како еден од најнеобичните моменти во сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×