Oфицијално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Челси утрово и официјално го потврди ангажманот на Чаби Алонсо кој со „сините“ потпиша четиригодишен договор и својот ангажман ќе го почне од јули.

За Алонсо ова ќе биде прв ангажман по заминувањето од Реал Мадрид каде што немаше премногу успех, а не го криеше задоволството што добива можност да го води Челси.

„Челси е еден од најголемите клубови во светскиот фудбал и ми претставува огромна чест што станувам менаџер на овој голем клуб. Од разговорите со сопствениците и спортското раководство, јасно е дека ја делиме истата амбиција. Сакаме да изградиме тим кој постојано ќе се натпреварува на највисоко ниво и ќе се бори за трофеи.“

Во тимот има голем талент и огромен потенцијал во овој клуб и ќе ми биде голема чест да го водам. Сега фокусот е на напорна работа, градење на вистинска култура и освојување трофеи“, изјави Алонсо.

Пред работата во Реал Мадрид, Алонсо со многу успех го водеше Баер Леверкузен со кој ја освои и титулата во Бундеслигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×