104
Фудбалерите на Манчестер сити стигнаа до трофејот во ФА Купот откако попладнево на „Вембли“ го совладаа Челси со 1-0.
Беа „граѓаните“ подобар противник во најголем дел од натпревар, сепак не доминираа премногу, иако почесто се играше на половината на „сините“.
Првото полувреме не донесе погодоци, а моментот на одлука се случи во 72. минута кога Антоан Семењо мајсторски со пета се запиша во листата на стрелци по асистенција од Халанд.
За Сити ова е осми трофеј во ФА Купот, последен пат триумфираа во ова натпреварување пред три години.
🇬🇭🪄 SEMENYO IN THE FA CUP FINAL! 🤯 pic.twitter.com/qluTXlRCsE
— EuroFoot (@eurofootcom) May 16, 2026