Погледите се свртени кон Кочани: Дербито на истокот со голема важност за Брегалница!

by riste
1 минути читање

Брегалница му гостува на Осогово во меч кој мора да го добие за да ја задржи првата позиција на табелата која води директно во најдобрата македонска фудбалска лига.

Второлигашите денеска со почеток од 16:30 часот го играат претпоследното коло од сезоната, а еден дуел предизвикува посебно внимание, тоа е мечот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани каде Осогово ќе ја пречека Брегалница.

Осогово игра во одлична форма оваа сезона и се наоѓа веднаш зад првите четири екипи кои уште се борат за влез во елитата. Во првиот дел од сезоната кочанскиот клуб ја победи Брегалница среде Штип, па денеска сигурно нема да им биде лесно на штипјани да дојдат до трите бода кои им се толку важни.

Штипските навивачи најавија инвазија на Кочани, а фановите на Осогово секогаш се мобилизирани кога на гости им доаѓа Брегалница, па се очекува супер фудбалска атмосфера.

Кикс на Брегалница чека Скопје кој има лесна задача на гостински терен кај Големо Коњари. Шкендија Арачиново исто така очекува сигурна победа над Новаци, а Охрид оди по трите бода кај Детонит Плачковица и очекува чудо за и тој да се врати во борба за Прва лига.

ВМФЛ 29. коло

Осогово – Брегалница
Беласица – Саса
Детонит – Охрид
Големо Коњари – Скопје
Кожуф – Тетекс
Победа – Вардар Неготино
Шкендија Арачиново – Новаци
Слога Виница – Преспа

Табела: Брегалница 65, Скопје 65, Шкендија Арачиново 63, Охрид 62, Осогово 53, Беласица 52, Новаци 50, Детонит 49, Кожуф 42, Тетекс 36, Саса 36, Вардар Неготино 19, Преспа 15, Слога Виница 12, Победа 11, Големо Коњари 7.

Фото: ФК Осогово

Можно е и ова да ти се допаѓа

×