Баерн Минхен и официјално стави крај на сите дилеми околу иднината на Мануел Ноер, откако искусниот голман потпиша нов договор со германскиот шампион до 2027 година.
И покрај тоа што веќе влезе во петтата деценија од животот, Ноер и понатаму има огромна улога во тимот од Минхен и останува еден од најважните фудбалери во соблекувалната. Германскиот чувар на мрежата е дел од Баерн од 2011 година и зад себе има богата колекција на трофеи и рекорди.
Во дресот на баварците досега освои 33 трофеи, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампионите, а на речиси 600 натпревари дури 269 пати успеал да ја зачува мрежата недопрена. Од клубот не го криеја задоволството од продолжувањето на соработката, а претседателот Херберт Хајнер порача дека Ноер е една од најзначајните личности во поновата историја на Баерн.
Самиот голман истакна дека внимателно размислил пред да донесе одлука, но на крајот пресудила желбата да остане дел од клубот каде што ја испиша својата кариера.
Покрај Нојер, нов договор со Баерн потпиша и резервниот голман Свен Улрајх, кој ќе остане во Минхен уште најмалку една сезона.