Дејвид Бекам стана првиот британски спортски милијардер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дејвид Бекам стана првиот британски спортист милијардер, откако богатството на него и неговата сопруга Викторија Бекам е проценето на 1,185 милијарди фунти, објави „Сандеј тајмс“.

Поранешниот капитен на Англија денес е косопственик на Интер Мајами, клуб кој важи за највредна франшиза во МЛС лигата, а дополнително заработува и преку соработки со светски брендови како „Адидас“ и „Хуго Бос“.

На листата на најбогати британски спортисти високо котираат и Луис Хамилтон со богатство од 435 милиони фунти, Рори Мекилрој со 325 милиони, како и боксерите Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Меѓу најбогатите се најдоа и Хари Кејн и Енди Мареј, кои делат место со проценети 110 милиони фунти богатство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×