Порно актерка му вети „жешка ноќ“ на Сафонов, сопругата на голманот урнебесно и одговори

by bojan
1 минути читање

Голманот на ПСЖ, Матвеј Сафонов доби непристојна понуда од порно актерка пред финалето во Лигата на шампионите, но одговорот на неговата сопруга добро ги насмеа сите.

Матвеј Сафонов оваа сезона се наметна како еден од хероите на ПСЖ и покрај тоа што се очекуваше да биде во втор план откако „светците“ потрошија 50 милиони евра за да го заменат Џиџо Донарума со Лукас Шевалие.

Сепак, Русинот трпеливо ја чекаше својата шанса, ги искористи приликите кои ги доби и го зацврсти местото помеѓу стативите.

На мечот против Ленс во средата на кој се реши титулата во Франција, тој имаше дури осум одбрани, и беше прогласен за играч на натпреварот.

Русинот сега се најде во центарот вниманието откако доби непристојна порака од порно актерката Мери Рок, која му вети „жешка ноќ“ за секоја одбрана против Арсенал во Лигата на шампиони.

Сепак таа веднаш доби урнебесен одговор до сопругата на Матвеј Сафонов.

„Порно актерка му посака среќа на мојот сопруг и му вети „жешка ноќ“ за секоја одбрана. Но таа не знае дека за него, жешка ноќ значи решавање на крстозборки, гледање на квизови и легнување во 23:30 часот, бидејќи следниот ден мора рано да стане за тренинг“ – напиша Марина Кондратјук.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×