Вардар денеска крај Охридското езеро може да ја слави шампионската титула

by riste
1 минути читање

Денеска се играат три натпревари од претпоследното 32. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а Вардар ако не загуби во Струга може да ја завери титулата.

По подолго време Вардар е на дофат на шампионската титула, за тоа да се случи потребен му е само уште еден бод во последните две кола.

Првата шанса за заверка на тронот ја има денеска, црвено-црните ѝ гостуваат на Струга.

Скопскиот тим треба само да не загуби крај Охридското езеро, по што прославата ќе може да почне.

Шкендија остана само со теоретски шанси за одбрана на титулата, тие денеска имаат навидум лесна задача, ја пречекуваат Брера.

Третиот меч кој денеска е на програмата е дуелот меѓу Силекс и Арсими.

Сите три натпревари се играат со почеток од 16 часот.

ПМФЛ 32. коло:

Петок
Струга – Вардар
Шкендија – Брера
Силекс – Арсими
Сабота
Тиквеш – Пелистер
Шкупи – Работнички
Башкими – Македонија ЃП

Табела: Вардар 77, Шкендија 71, Струга 62, Силекс 53, Тиквеш 44, Башкими 41, Арсими 40, Брера 37, Пелистер 36, Македонија ЃП 30, Работнички 30, Шкупи 1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×