Арне Слот имаше далеку полоша сезона од претходната, но верува дека нема да добие отказ на лето и покрај тоа што некои го поврзуваат Чаби Алонсо со тренерската позиција на Енфилд.
Раководството на Ливерпул има шанса да го назначи Чаби Алонсо за нов тренер, а ако ја пропушти тој може да заврши на клупата на друг англиски тим, како Челси кој се поврзува со Шпанецот.
Но, Слот е уверен дека ќе остане тренер на Ливерпул, а како причина за таквото мислење е тоа што е инволивран во разговорите за составување на тимот за следната сезона.
„Ја имам секоја причина да верувам дека ќе бидам тренер на Ливерпул и наредната сезона. Плановите за следната сезона се направени, во тековните разговори меѓу клубот и новите фудбалери сум инволвиран и јас“, вели Слот.