Никој немал подобра сезона во Ла Лига од Мурињо! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо е пред враќање во Реал Мадрид, тоа треба да се случи по крајот на оваа сезона, а можно е и да се одложи за неколку дена доколку има претседателски избори во кралскиот клуб.

Во меѓувреме има дебата во јавноста дали Мурињо е вистинскиот избор за Реал Мадрид во оваа ситуација.

Дел од фактите кои одат во прилог на Португалецот е тоа што тој ја имаше најдобрата сезона во историјата на Ла Лига.

Тоа се случи во сезоната 2011/12 кога Реал Мадрид ја освои Ла Лига со 100 бодови, 121 даден гол и гол разлика +89.

100 бода има освоено и Тито Виланова со Барселона, но има послаба гол разлика од сезоната на Мурињо, +75, па е на второто место.

Таа сезона Мурињо постави рекорд и по дадени голови во една сезона. Ниту еден друг тим не успеал да даде повеќе од 121 гол, колку што даде тој тим на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×