39
Горан Лозановски, Македонец кој е роден и живее во Австралија и моментно го предводи тимот Алтон Меџик, се најде во фокусот на спортската јавност по инцидент на натпреварот против Авондејл.
Лозановски најпрво доби жолт картон поради приговор кон судиските одлуки, но откако продолжил со реакциите, главниот арбитер Јаниз Зисис му покажал и црвен картон.
Тогаш Лозановски влезе на теренот со цел да се пресмета со арбитрот, по што фудбалерите спречиле поголем инцидент.
Поради однесувањето по натпреварот, Лозановски беше жестоко санкциониран и заработи суспензија од дури 17 натпревари.