Анчелоти: Нејмар е извонреден играч, одлуката не е едноставна

by riste
1 минути читање

Нејмар се најде на поширокиот список на Карло Анчелоти за Светското првенство, а италијанскиот стратег со последната изјава како да си направи подлога за повик на ѕвездата за Мундијалот.

Нејмар нема настап за Бразил под водство на Анчелоти, но како што изгледаат работите тој ќе добие повик за Светското првенство.

„Нејмар е обожаван од играчите и од луѓето. Ако го повикатe, не фрлате бомба во соблекувалната бидејќи тој е многу ценет, многу сакан“, вели Анчелоти.

„Мислам дека е нормално секој да го каже своето мислење. Им благодарам на сите што ми дадоа совети“.

„Нејмар е важен играч за оваа земја, со талентот кој секогаш го покажувал, тој имаше проблем од кој се опоравува. Кој во последно време многу напредуваше, игра конзистентно“.

„За мене тоа не е едноставна одлука. Морам да ги земам во предвид добрите и лошите страни. Но, ова не ми прави притисок. Јас сум најквалификуваната личност за да ја донесам оваа одлука бидејќи информациите кои јас ги имам, никој ги немам. Дали можам да направам совршен список? Тоа е невозможно. Но можам да направам список со помалку грешки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×