Како реагираше Роналдо по шокантниот гол на 10 секунди пред крајот (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Кристијано Роналдо не можеше да поверува како вечерва не се радува на титула во првенството на Саудиска Арабија, 10 секунди го дела Португалецот од шампионско славје.

Кристијано Роналдо беше првото звучно име што реши да ја замени Европа со Саудиска Арабија, Португалецот ја отвори вратата за многу големи трансфери, но никако не успева да се израдува на трофеј.

Се чини дека оваа сезона конечно ќе биде подигнат шампионскиот пехар, Ал Наср можеше тоа да го стори уште вечерва против лутиот ривал Ал Хилал, но натпреварот имаше завршница за Холивуд.

На 10 секунди пред крајот, голманот Бенто си постигна автогол кој ретко се гледа на фудбалските терени.

Па Кристијано Роналдо не можеше да поверува како вечерва не се радува на титула, изразот на лицето и говорот на телото на клупата доволно кажуваат како се чувствува напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×