Барса ќе остане без главната трансфер цел, пристигна понуда од 150 милиони евра!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека ПСЖ води преговори со Атлетико Мадрид за трансфер на Хулијан Алварез вреден околу 150 милиони евра.

Изминативе месеци често се пишуваше дека Барселона го идентификувала Хулијан Алварез како цел број 1 за засилување на офанзивата.

Но „каталонците“ и понатаму имаат финансиски проблеми и не можат да се расфрлаат со пари.

Како што пренесува „Ел Чирингито“, ПСЖ е подготвен да ја искористи ваквата ситуација и отворил преговори со Атлетико Мадрид за зделка вредна околу 150 милиони евра.

Тренерот на „светците“, Луис Енрике исто така веќе разговарал со Аргентинецот.

Барселона во никој случај не може да си дозволи ваква сума, па постои ризик да остане без главната трансфер цел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×