Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони објави список со 55 имиња кои ќе конкурираат за составот од 26 играчи кои ќе биде присутен на Светското првенство.
Најголемо внимание привлече отсуството на Пауло Дибала. Фудбалерот на Рома, кој има 40 настапи за аргентинската репрезентација, не доби повик од Скалони.
Покрај Дибала, надвор од списокот остана и Анхел Кореа, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, па токму тие двајца важат изненадувања на списокот.
Од друга страна, место меѓу повиканите добија Лисандро Мартинез од Манчестер Јунајтед и Алехандро Гарначо, кој и покрај долгата пауза од настапи за националниот тим повторно се најде во комбинација кај Скалони.
Останува да видиме кои фудбалери ќе отпаднат пред конечниот список за Мундијалот кој почнува на 11 јуни.