Голем удар за Шпанците, се повреди уште еден важен играч

by 24 фудбал
1 минути читање

Нови проблеми за шпанската репрезентација пред стартот на Светското првенство 2026, откако повреда заработи и Нико Вилијамс.

Фудбалерот на Атлетик Билбао не го доигра дуелот против Валенсија и беше заменет уште во првото полувреме поради мускулна повреда. Шпанските медиуми пренесуваат дека Вилијамс видно разочаран го напуштил теренот, а првичните прогнози не се оптимистички.

Според најавите, офанзивецот сигурно ќе ги пропушти последните два натпревари на Атлетик во Примера, додека дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку долго ќе паузира.

Ова е нов удар за селекторот Луис де ла Фуенте, особено ако се знае дека и Ламин Јамал има проблеми со физичката подготвеност пред Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×