Во Мадрид бесни по „Ел Класико“: Ова е лигата на Тебас и Негреира, ужасно!

by Стефан
1 минути читање

Клупската телевизија на Реал Мадрид изрази силно незадоволство по синоќешното „Ел Класико“, во кое Барселона го совлада „кралскиот клуб“ и по 29. пат ја освои титулата шампион на Шпанија. Од телевизијата порачаа дека начинот на кој се реализираат преносите од шпанската лига е „срамен“, а како најголем проблем го посочија недостигот од повторени снимки во спорните ситуации.

„Шпанската лига не е сериозна. Ова е лигата на Тебас, лигата на Негреира. Ова е циркус и фарса. ужасно“, порачаа од Реал Мадрид ТВ.

Од клупската телевизија тврдат дека во контроверзните ситуации на штета на Реал Мадрид често не се прикажуваат сите агли од снимките.

„Кога имаше спорни ситуации во кои Реал Мадрид беше оштетен, гледавме одлични панорамски кадри, а сега, уште еднаш, преносот се прекинува токму во моментот на клучниот прекршок“, наведоа тие.

На Реал Мадрид ТВ особено истакнаа дека, според нив, на гледачите им била скратена јасна снимка од инцидентот.

„Тоа можеше да биде црвен картон за Дани Олмо. На гледачите им се скрати повторена снимка од нешто што очигледно се случи. Ако досега не сме го виделе, тогаш никогаш нема ни да го видиме, исто како и многу други работи, на пример кога не сакаа да го прикажат Килијан Мбапе како крвари“, порачаа од клупската телевизија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×