Мусовски даде гол за бод на Сиетл и беше прогласен за – играч на мечот! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Мусовски го постигна својот прв гол оваа сезона, а тој значеше реми за Сиетл Саундерс против Сан Диего во меч од МЛС.

Сан Диего поведе уште во 18. минута. Мусовски во игра влезе по 15 минути игра во вториот дел и само за половина час покажа зошто треба да биде стартер.

Македонецот постигна гол во 80. минута за 1-1, што беше и конечен резултат на мечот.

Тој беше прогласен и за играч на натпреварот.

Фото: X/Seattle Sounders FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×