Нејмар влезе во форма пред Светското првенство, даде нов гол! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Нејмар очајно посакува да биде повикан за настап на Светското првенство, па ја крена формата пред Мундијалот и очекува повик.

Анчелоти откако седна на селекторската функција на бразилската репрезентација никогаш досега не го повика Нејмар.

Италијанецот не планираше да го викне за Мундијалот, но притисокот од бразилската јавност е голем, па Анчелоти ја остави вратата отворена за евентуален повик на Нејмар.

Во меѓувреме Нејмар почна да игра се подобро и да покажува дека заслужува да се најде на списокот.

Ноќеска Сантос со 2-0 го победи Брагантино, а Нејмар беше стрелец на првиот гол на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×