На програмата е 28. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), погледите се насочени кон Штип каде во 16 часот Брегалница ќе ја пречека екипата на Шкендија Арачиново во еден од најважните дуели оваа сезона за пласман во елитната конкуренција.
На три кола до крајот на сезоната Брегалница е лидер со два бода предност пред Скопје и Шкендија Арачиново. Со победа штипјани ќе ги елиминираат арачиновци од трката за првото место и ќе дојдат многу блиску до заверка на пласманот во првата лига.
Ако Шкендија го добие денешниот дуел, тие ќе ја прескокнат Брегалница на табелата и ќе имаат најмалку бараж во џебот.
Атмосферата пред дербито во Штип е ептен фудбалска, градот се мобилизира, стадионот ќе биде полн, навивачите ќе им дадат голема поддршка на своите играчи во битката за враќање во Првата лига.
Пораз на Шкендија Арачиново чека и Охрид кој има лесна задача против Големо Коњари. Скопје ќе брка бодови против Тетекс на гостински терен.
ВМФЛ 28. коло:
Брегалница – Шкендија Арачиново
Каменица Саса – Слога Виница
Кожуф – Победа
Новаци – Беласица
Охрид – Големо Коњари
Преспа – Детонит Плачковица
Тетекс – Скопје
Вардар Неготино – Осогово
Сите натпревари се играат со почеток од 16 часот.
Табела: Брегалница 64, Скопје 62, Шкендија Арачиново 62, Охрид 59, Беласица 52, Осогово 50, Новаци 47, Детонит Плачковица 46, Кожуф 39, Тетекс 36, Саса 33, Вардар Неготино 19, Преспа 15, Слога Виница 12, Победа 11, Големо Коњари 7.