Од каде потекнува навредливиот прекар „конус“ со кој фудбалерите на Реал го исмејувале Арбелоа

by bojan
2 минути читање

Оваа недела на виделина излегоа голем број на скандали во соблекувалната на Реал Мадрид, ситуацијата кулминираше со тепачка помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени.

Кога Чаби Алонсо минатото лето седна на кормилото на „кралевите“, навивачите се надеваа дека ова ќе биде почеток на нов победнички циклус.

Но стратегот не успеаја да ја убеди соблекувалната со своите замисли, дел од ѕвездите му го свртеа грбот, па во јануари месец тој доби отказ, а на негово место беше именуван Алваро Арбелоа.

Но очигледно проблемите биле далеку поголеми и подлабоки, па и тој не успеа да наметне авторитет, тензијата во соблекувалната растеше и ситуацијата кулминираше оваа недела со тепачка помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени.

Реал Мадрид реагираше веднаш, изрече историска казна и двајцата фудбалери ги санкционираше со по 500.000 евра.

Останува да се види дали ова ќе биде доволно за да се воведе некаков ред, но јасно е дека ѕвездите на Реал Мадрид си дозволија преголема слобода.

Како што пренесува Марка, дел од играчите се преправале дека спијат и „умираат од досада“ на сесиите со Чаби Алонсо на кои се правело видео анализа и се дискутирала тактиката, а имало и такви кои воопшто не биле заинтересирани за ова, па си седеле во позадина и си „муабетеле“.

Слични проблеми имал и Алваро Арбелоа, кој отворено бил исмејуван со навредливиот прекар „конус“, играчите тоа бесрамно го правеле дури и кога седела на клупата за резерви. Кога стратегот дознал за ова, престанал да им дава минутажа.

Овој прекар не е нешто нов, противниците често знаеја да го исмејуваат Алваро Арбелоа на ваков начин кога тој беше играч. Сакаа да кажат дека тој не нуди ништо во офанзивата како десен бек, односно дека е сличен како конусите кои се користат на тренинг – статичен, предвидлив и лесно може да биде сопрен.

Но едно е вака Арбелоа да биде исмејуван од противниците, а друго е да биде исмејуван од сопствените играчи, нешто што е неприфатливо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×