Реал веќе стапи во контакт со „Специјалниот“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид повторно се наоѓа во турбулентен период, а во Шпанија сè погласни се најавите дека Жозе Мурињо би можел сензационално да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Неуспешната сезона и лошата атмосфера во соблекувалната сериозно го загрижиле Флорентино Перез, кој веќе размислува за крупни промени во клубот. Шпанските медиуми пишуваат дека имало и расправија меѓу неколку фудбалери, што дополнително ја влошило ситуацијата. Во меѓувреме, актуелниот тренер Алваро Арбелоа е под голем притисок, а нов неуспех против Барселона би можел да значи и негово заминување од клупата.

Според информациите од Шпанија, раководството на Реал веќе стапило во контакт со Мурињо, кого го гледа како идеално решение за стабилизација на тимот поради неговиот авторитет и искуство.

Португалецот веќе еднаш го водеше мадридскиот гигант, во периодот од 2010 до 2013 година, кога освои неколку трофеи и остави силен белег во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×