Први слики од Валверде по тепачката со Чуамени (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Сопругата на Феде Валверде сподели фотографија од фудбалерот на Реал Мадрид и едно од нивните деца, Уругваецот носи капа за да ја сокрие повредата на главата.

Феде Валверде и Орелиан Чуамени се топ тема во фудбалска Шпанија, двајцата направија сериозен инцидент на тренингот на Реал Мадрид, а Уругваецот го извлече подебелиот крај и заврши во болница.

Попладнево се појавија и први фотографии од Уругваецот по тепачката со Чуамени, преку објава на неговата сопруга Мина Бонино.

Фудбалерот на Реал Мадрид е во семејна атмосфера со едно од нивните деца, и носи капа за да ја покрие повредата на главата.

Феде Валверде морал да биде шиен поради исекотина на челото, медиумите велат дека повредата е здобиена по удар од Орелиан Чумаени, додека пак играчот од средниот ред појасни дека настрадал при еден несреќен удар во маса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×