Џенаро Гатузо би можел експресно да се врати во клупскиот фудбал по разделбата со репрезентацијата на Италија. Според медиумите од Апенините, сериозен интерес за негов ангажман покажува Торино.
Клубот од Торино наводно му подготвил договор до 2028 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Во понудата е вклучена плата од 1,5 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси врзани со резултатите.
Истата сума Гатузо ја заработуваше и додека беше тренер на Хајдук Сплит, додека на селекторската функција имал нешто повисоки примања.
Според најавите, Гатузо во следниот период треба да донесе конечна одлука, а доколку ја прифати понудата, со работа во Торино би започнал по завршувањето на актуелната сезона.