Ливерпул сериозно размислува за ангажман на Маркос Сенеси, стоперот на Борнмут, кој би можел да пристигне на „Енфилд“ без обештетување.
Аргентинскиот дефанзивец веќе неколку сезони е еден од најважните играчи на Борнмут, а англиските медиуми пишуваат дека неговиот профил целосно одговара на барањата на Ливерпул. Сенеси важи за агресивен и сигурен стопер, кој добро се снаоѓа и во систем со високо поставена одбрана. Во Премиер лигата досега има 113 настапи, а покрај клупските игри, е и стандарден репрезентативец на Аргентина.
Интересно е дека делуваше готова работата за потпис на Сенеси со Тотнем. Сепак, клубот може да испадне од лигата и Ливерпул сака да го искористи таквиот потенцијален исход.