Историја во ЛШ: Првпат двајца шпански тренери во финале!

by riste
1 минути читање

Два пати имаше шпанско финале, но никогаш досега двајца шпански стручњаци не се судриле во меч за титулата од Лигата на шампионите.

Кога играа Реал и Атлетико во 2014 и 2016 година, всушност, ниедна од екипите не беше предводена од Шпанец бидејќи на клупата на „кралевите“ беа Анчелоти и Зидан, а тренер на Атлетико беше Диего Симеоне.

Имало случаи кога двајцата тренери биле Германци (2013 – Клоп и Хејнкес) или Италијанци (2003 – Липи и Анчелоти), ама оваа година ќе биде историска за Шпанците иако ниеден од финалистите не е од оваа пиринејска држава. На мегдан ќе излезат Луис Енрике како предводник на ПСЖ и Микел Артета на Арсенал, двајца стручњаци кои како играчи настапуваа за Барселона.

Енрике има шанса да ја освои својата трета, а Артета ќе се бори за првата титула во Лигата на шампионите. Лани овие две екипи се сретнаа во полуфиналето и тогаш ПСЖ триумфираше на двата меча и обезбеди пласман понатаму со вкупен резултат 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×