136
ПСЖ под водство на Луис Енрике ќе игра второ финале по ред во Лигата на шампионите, шпанскиот стртег против Арсенал ќе се обиде да го одбрани пехарот.
Луис Енрике синоќа тактички го надмудри Винсент Компани, не му дозволи на Баерн да создаде многу шанси. По мечот доби големи пофалби од својот претпоставен.
„Луис Енрике прави револуција во фудбалот, не само во Париз, туку општо во фудбалот. Тој е најдобриот тренер во светот“, вели претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.