Арсенал дојде на еден чекор до трофејот во Лигата на шампионите откако синоќа со 1-0 го победи Атлетико Мадрид и се пласираше во големото финале.
Многумина го критикуваат Микел Артета поради стилот со кој игра Арсенал, но дали топчиите ќе стигне дотука доколку играа друг начин на фудбал?
Статистиката на Арсенал во Лигата на шампионите оваа сезона е импресивна. Тие немаат пораз, лигашкиот дел го завршија на првото место со максимални осум победи и гол разлика од 23-4.
Немаа пораз ниту во нокаут фазата, вкупно гледано, до финалето стигнаа со 11 победи и три нерешени резултати. На 14 натпревари примија само шест голови.
Интересно, единствен кој им даде два гола беше аутсајдерот Каират со кого играа во последното коло и го победија со 3-2. Меч кој немаше резултатско значење.