Робињо Жуниор за шлаканицата од Нејмар: Ме боли бидејќи тој ми е идол од дете!

by riste
1 минути читање

Синот на Робињо проговори за инцидентот кога доби „ќотек“ од Нејмар откако го издрибла за време на тренинг на Сантос.

Реакциите не стивнуваат по инцидентот во тренинг кампот на Сантос. Малиот Робињо и неговите агенти дури и го тужеа Нејмар. Тој сега вели дека се е во ред и ако размислел двапати не би го тужел, се се случило во афект, емоциите биле побрзи од мислите.

„Ме заболе бидејќи Нејмар ми е идол уште од дете; тој е некој за кого многу се грижам… Првиот подарок што ми го даде беше дрес кога имав 8 години. Плачев многу и сè уште го имам“, вели Робињо Жуниор.

„Ситуацијата доби димензија што не требаше да ја има. Тој погреши, веќе се извини и беше доволно маж да го признае тоа. И јас бев доволно маж да разговарам со него, и сега сè е во ред“.

„Судската опомена и тужбата се случија во момент на лутина од мене и моите агенти. Повеќе преовладаа емоциите отколку разумот. Требаше двапати да размислам за тоа, но не беше наменето ниту да дознаат медиумите, ниту да предизвика непотребни последици што беа лоши и за двајцата“.

„Секој прави грешки. Тој е човек како и сите ние, и јас можев да направам грешка, веќе сум направил многу пати. Тоа беше тоа, шлаканица, но веќе се извини. Неколкупати побара прошка и јас веќе му кажав дека извинувањата се прифатени. Се е во ред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×