Пред самиот крај на првото полувреме Букајо Сака даде гол за водство на Арсенал од 1-0 против Атлетико Мадрид на реванш полуфиналниот меч од Лигата на шампионите.
Првиот дуел заврши 1-1, па денешниот исто како да почна со почетниот резултат. По првите 45 минути домаќините имаат предност од 1-0 благодарение на гол на Сака кој се најде на вистинското место и искористи една одбранета топка од Облак.