36
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против Баерн Минхен, направи паралела на неговиот тим со Рафаел Надал.
ПСЖ со 5-4 го победи Баерн Минхен во спектакуларен меч во Париз, а сега предноста треба да ја сочува на Алијанц Арената.
„Рафаел Надал еднаш рече дека во одреден дел од кариерата, тоа што играл против Федерер и Ѓоковиќ, го гледал како поголема мотивација за него. И тоа е тоа што ние го сакаме, ние имаме голема почит за Баерн, но тоа го гледаме и како мотивација да бидеме подобри. Утре ќе се обидеме да победиме тим кој игра на феноменален начин“, рече Луис Енрике.