Англиската „машинерија“ го турка Мурињо кон враќање во ПЛ, а има и такви кои го критикуваат!

by 24 фудбал
1 минути читање

Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието, откако англиските медиуми шпекулираат дека би можел да го преземе Њукасл, а под знак прашалник е иднината на Еди Хау.

Поранешниот англиски репрезентативец Крис Вадл смета дека Португалецот има квалитет, но стилот на игра е проблем.

Освоил сè, но неговиот стил се прифаќа само ако има резултати. Во клуб како Њукасл мора и да се победува и да се игра убав фудбал, а тоа не го нуди со години. И во Тотенхем не успеа да се вклопи. Ако нема резултати, навивачите брзо ќе се свртат против него“, изјави Вадл.

Њукасл минатата сезона го освои Лига купот, но оваа година падна во долниот дел од табелата во Премиер лига, што го зголеми притисокот врз Хау. И претходно Мурињо се поврзуваше со преземање на најбогатиот клуб на светот, ама тогаш сè остана во доменот на шпекулациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×